Агуеро: Останувам во Сити


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Серхио Агуеро истакна дека ќе го испочитува договорот со Манчестер Сити до крај и дека потоа ќе размислува за следниот потег.

„Се уште имам две години од мојот договор со Манчестер Сити. Среќен сум овде, па ќе останам тука до крајот на мојот договор.

Немам размислувано каде ќе играм следно, јас само сакам да се насочам на работата во овој клуб.“- коментираше Агуеро за „Џингсуа“.