Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По долги 22 месеци надвор од терените поради суспензија, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се врати на тренинг со првиот тим на Динамо Загреб.
Неговите соиграчи пред почетокот на тренерот направија специјален шпалир за нашиот репрезентативец, а го дочекаа и околу 600 фанови на Динамо Загреб.
„И понатаму не можам да верувам дека се вратив. Дурикога ќе стапнам на теренот ќе верувам“– беа првите зборови на Адеми.
Фудбалскиот клуб Динамо Загреб целосно застана зад Адеми во целиот процес кој се водеше против него поради падот на допинг тестот по мечот со Арсенал. На крај сепак се испостави дека Адеми не користел супстанци по негова волја.