Адис Јаховиќ со нов погодок донесе победа, го врати на лидерската позиција Гезтепе и се искачи на лидерската позиција во листата на стрелци


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гезтепе на домашен терен ја победи минимално Манисаспор во натпревар од 22-ро коло во турската втора лига, 1:0.

Во првото полувреме од овој натпревар мируваа мрежите.

Дваесетина минути пред крајот на натпреварот Адис Јаховиќ погоди за водство и победа на Гезтепе, 1:0.

Македонскиот фудбалер го напушти теренот во 89-та минута, а на негово место влезе Сегфебиа.

Ова за Јаховиќ беше 14-ти погодок оваа сезона во турската втора лига и моментално е на лидерската позиција во листата на стрелци.