Адриано се враќа на фудбалските терени


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Легендарниот бразилски напаѓач по три години надвор од терените се речи да се врати на фудбалот.

Некогаш важеше за еден од најдобрите светски напаѓачи, меѓутоа лошото однесување надвор од терените беше причина да не направи блескава кариера иако многумина го споредуваа со најдобриот бразилски фудбалер, Роналдо.

Сега 35 годишниот Адриано доби понуда за соработка од ни помалку ни повеќе туку бразилскиот великан, Фламенго. Од бразилскиот клуб се подготвени да му дадат шанса на напаѓачот и веќе во следните денови ќе разговараат околу конечната одлука за проблематичниот фудбалер.

Адриано во минатото за Фламенго има одиграно 77 натпревари на кои постигнал 31 погодок.