Азар се „закани“: Ќотекот кој го добивам на теренот ме мотивира да бидам уште подобар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ѕвездата на Челси, Еден Азар постојано добива удари од противничке фудбалери, па очигледно реши да им се „закани“.

Статитиката покажува дека Белгиецот е еден од фудбалерите, кои најмногу „јаде ќотек“ од противничките тимови.

Меѓутоа, Азар, кој сезонава постигна 10 голови на 18 натпревари во Премиерлигата, вели дека ударите само дополнително го мотивираат.

„Понекогаш е тешко да се трпи тоа. Веќе седум години ме удираат каде што ќе стигнат. Сепак, знам да водам сметка за своето тело. Во Челси имаме еден од најдобрите медицински тимови во светот. Не сакам да кажам, но кога ме удираат, тоа ми дава дополнително чувство на мотивација. Тоа ми дава сила за да направам некоја магија на теренот“, вели Азар.