Азар убедливо најдобар играч за месецот октомври


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Најдобриот играч во Премиер лигата пред две сезони, Еден Азар полека доликува на вистинскиот играч. Минатата сезона беше апсолутно заборавен, а сега Белгијанецот е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата за месец октомври.

    Тој доби 27,262 гласови од вкупно 61,000 и така убедливо славеше во трката за престижната награда.

    Првиот конкурент му беше Тео Волкот од Арсенал со речиси половина гласови од него (14,737), а веднаш зад него е играчот на Стоук, Џо Ален со 14,491 гласови. На четвртото место е играчот на Тотенхем, Деле Али со само 2,012 гласови.

    Азар минатиот месец постигна три гола и запиша една асистенција, додека неговиот Челси во тој период запиша четири победи и само еден пораз и тоа од Вест Хем во Лига Купот.