Академија Пандев го надигра Тетекс, нови победи за Велазерими и Скопје


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Завршија три натпревари од 23-то коло во втората македонска фудбалска лига.

Академија Пандев на домашен терен го победи Тетекс, 3:2.

Шериф Реџепи донесе водство за Тетекс, но четири минути подоцна Александар Вареловски го израмни резултатот.

Љупчо Дориев во второто полувреме погоди за 2:1. Тетекс преку Филип Јовановски израмни, но три минути подоцна Ване Јованов ги постави конечните 3:2.

 

Велазерими на домашен терен беше подобар од Тиквеш, 3:0.

Роберт Митрев погоди за водство на Велазерими. Пред крајот на првото полувреме беше досуден пенал за домашните, а Куштрим Балажи ја затресе мрежата на Тиквеш по втор пат. Конечните 3:0 ги постави Мирлинд Ибраими во 70-та минута.

 

Скопје на домашен терен со многу мака стигна до победа против Хоризонт Турново, 2:1.

Дарио Десниќ пред крајот на првото полувреме ја затресе мрежата на турновци. Трајче Ефремов во второто полувреме донесе израмнување. Победата на Скопје му ја донесе Ѓоко Алексовски од пенал во 92-ра минута.