Академија Пандев е нов прволигаш, Новаци ремизираше против Турново, победа на Скопје


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес се одиграа сите пет натпревари од 22-ро коло во втората македонска фудбалска лига.

Академија Пандев на гости го совлада Тиквеш, 1:3.

Јани Атанасов на почетокот на натпреварот му донесе водство на пандевци. Почетокот на второто полувреме донесе нов погодок, Игор Лазарев го израмни резултатот. Давид Атанаскоски и Јани Атанасов со својот втор погодок ги поставија конечните 1:3.

Хоризонт Турново и Новаци ги поделија бодовите, 2:2.

Един Мерсовски и Трајче Ефремов донесоа водство на Турново од два погодоци. Благојче Марковски намали на 2:1.. Благоја Наумоски ги постави конечните 2:2.

Скопје славеше на гости кај Тетекс, 0:1.

Дарио Десниќ во второто полувреме го постигна единствениот погодок на натпреварот.

Еуромилк и Металург ремизираа, 3:3.

Андриан Чаволи и Благоја Спиркоски погодија во првото полувреме за Еуромилк. Иво Јанакиевски и Теодор Фиданоски го израмнија резултатот, 2:2. Благоја Спиркоски го постигна својот втор погодок на натпреварот за 3:2. Конечните 3:3 ги постави Иво Јанакиевски кој го постигна вториот погодок на натпреварот.

На натпреварот Вардар Неготино – Велазерими не беа постигнати погодоци.