Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Во втората македонска фудбалска лига се одиграа пет натпревари.
Академија Пандев го уништи Тетекс со 5:1. Новаци исто така пукна петарда, жртвата беше Велазерими, 5:0.
Вардар Неготино беше поразен на домашен терен од Металург со 1:2, а Љубанци го совлада Еуромилк со 2:1.
Единствениот натпревар кој заврши нерешено се одигра во Автокоманда каде Скопје и Хоризонт Турново одиграа 1:1.
По денешната победа Академија Пандев е нов лидер во ВМФЛ.