„Ако го донесете Азар, јас го напуштам Реал!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал, Перез најави дека ова лето ќе донесе неколку засилувања во тимот.

Перез има желба да го донесе Азар во својот тим, но медиумите пренесуваат дека тој не е посакуван во соблекувалната на Реал, а на неговото доаѓање најмногу се противи Роналдо.

Според медиумите, Роналдо му порачува на Перез дека во случај на доаѓање на Азар, тој ќе го напушти Реал Мадрид.

Оваа изјава на Роналдо ја пренесоа сите шпански медиуми, но сеуште никој не потврди дали таа навистина е точна.

Очигледно е дека Роналдо сака да биде најголемата ѕвезда на Реал уште долго, а доаѓањето на Азар би го расипало тоа.