Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот француски напаѓач Тјери Анри најдобрите денови од својата кариера ги помина во Арсенал, но потоа реши да потпише со Барселона со која ја исполни својата цел и ја освои Лигата на шампиони (ЛШ).
Анри во Барселона пристигна во 2007. година и во дресот на Каталонците играше три сезони. Французинот призна дека секогаш го сакал стилот на игра на Барселона, но дека таму се преселил поради освојување на титулата во ЛШ.
На крајот легендарниот напаѓач успеа да го освои трофејот од ЛШ во 2009. година, а потоа се пресели во МЛС-лигата, каде што играше за Њујорк.
Пред неколку дена Анри даде интересен одговор на новинар кој го праша што мисли за Барселона.
„Па, ќе ви кажам искрено што мислам. Тоа за мене е еден од најголемите клубови на светот. Доколку ми кажете дека сакате фудбал, а ја мразите Барселона, тогаш си имате некој голем проблем“, порача Анри.