Ако е Мурињо незадоволен, „Театарот на соништата“ не е: Овации за насмевката на лицето на Швајнштајгер


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Манчестер Јунајтед вечерва на „Олд Трафорд“ го победи Вест Хем со 4:1, па се пласираше во ½-финале во ЕФЛ купот.

    Вечерашниот натпревар ќе остане запаметен по Бастијан Швајнштајгер. Тој по 8 месеци заигра во тимот, а влезе во самиот финиш на натпреварот.

    Насмевка се појави на лицето на искусниот игрча на кој ова би можел да му биде последен натпревар во дресот на Јунајтед. Тој веќе најави заминување, а вечерва доби големи овации од навивачите.