Ако Кутињо не „стана“ Португалец, Барселона ќе има проблеми!?


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Доаѓањето на Артуро Видал ги израдува навивачите на Барселона, но и направи големи главоболки за администрацијата на клубот.

Со пристигнувањето на Видал во Барселона, тие го надминаа ограничувањето за три играчи со пасоши надвор од Европската Унија, а тоа се Видал, Малком, Артур Мело и Кутињо.

Веќе неколку месеци трае процесот на добивање на португалско државјанство на Кутињо бидејќи неговата жена е Португалка, па според законот може да добие нејзин пасош.

Барселона сака да ги користи сите засилувања за Суперкупот со Севилја, па се надева дека до тогаш проблемот ќе биде решен.