„Ако можам да бирам, тогаш тоа е Федерер“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Поранешниот француски тенисер, Фабрис Санторо вели дека би сакал да го тренира Роџер Федерер.

    Санторо беше познат по своето чувство за топчето, а во кариерата освои шест трофеи во сингл и беше 17-ти на АТП листата.

    „Да можам да бирам, би му бил тренер на Роџер Федерер, иако би била чест да се работи со сите врвни играчи. Многу го почитувам и го сакам начинот на кој игра. Игравме 11 пати и секогаш беше задоволство да се биде со него на теренот.“

    На прашањето кој би сакал да е негов тренер, тој ги избра Борг и Мекинро.