Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид покажува интерес за голманот на Тотнем, Хуго Лорис, кој би можел да пристигне во екипата, доколку „кралевите“ не го реализираат трансферот на Тибо Куртоа од Челси.
Претходно, француските медиуми пишуваа дека Куртоа и Реал Мадрид се договориле, па се очекува само уште официјална потврда, но очигледно уште ништо не е сигурно.
„Мирор“ пишува дека европскиот шампион би можел да испрати понуда од 60 милиони фунти, со која би го направил францускиот голман втор најскап голман, веднаш зад Алисон.
Лорис е загреан за да го напушти Лондон и да го облече „кралскиот дрес“, но во наредниот период ќе биде познато кој ќе ја добие улогата на прв голман на Реал.