Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо е во моментов без тренерска работа, откако доби отказ од Манчестер јунајтед минатиот месец.
Управата на Јунајтед немаше трпение за катастрофалните резултати на Мурињо и на многумина им пречеше лошата атмосфера во клубот, па отказот на Португалецот се покажа како вистински потег, зашто Оле Гунар Солскјер донесе одлични резултати.
Мурињо постојано се поврзува со нова екипа, а се зборува и дека ќе се врати во Реал Мадрид, зашто претседателот Флорентино Перез го посакува.
Сепак, англиските медиуми пренесуваат интересна информација дека во случај Мурињо да го преземе Реал, тогаш добро ќе помине и Јунајтед.
Во таков случај „кралевите“ ќе мора да им платат на „ѓаволите“ околу 11 милиони евра доколку го донесат пред крајот на сезоната.