„Ако сакаат да не тестираат, нека го направат тоа!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Марија Шарапова изјави дека ги поддржува честите анти-допинг контроли. Таа додаде дека тоа е составен дел од спортот и дека е неопходно да се контролираат спортистите.

Руската тенисерка поради користење на мелдониум беше суспендирана на 15 месеци, а по завршување на казната доби специјална покана за турнирот во Штутгарт, каде што во моментов ќе игра во ½-финале.

„Не сум против тоа. Треба да одвоиме само по еден час дневно за да не тестираат. Ако сакаат да не тестираат повеќе, нека го направат тоа.“

Русинката ќе се бори денес за финале во Штутгарт, а противничка ќе и биде Кристина Младеновиќ.

Шарапова во кариерата освои 35 титули, а од тоа 5 на најголемите турнири.