„Ако сакате да ја срушите Барселона, мора да играте како Атлетико!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тие се многу блиски едни до други, не оставаат простор. Ние мора да се обидеме да играме како нив.“

ПСЖ вечерва игра против Барселона на домашен терен во рамки на ЛШ.

Еден од најважните фудбалери на Емери, Марко Верати смета дека ПСЖ во овие натпревари мора да игра по примерот на Атлетико Мадрид.

„Атлетико против Барселона игра многу добро. Тие се држат блиску едни до други. Ние мора да најдеме начин да играме како нив.“

Противникот е силен, но има и свои недостатоци.

„Одбраната на Барселона има некои проблеми кои ги немаше претходно. Мора да одиме во напад многу брзо кога топката е кај нас.“