„Ако се професионалци нема да се караат за дресот на Меси уште на полувреме“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСВ утре го почнува својот пат во новата сезона во групната фаза на Лигата на шампиони со тешко гостување кај Барселона.

Јасно е дека Барселона е голем фаворит во натпреварот, но Холанѓаните се надеваат дека може да направат чудо. На кормилото на ПСВ се наоѓа поранешниот играч на Каталонците, Марк ван Бомел, кој кажа дека е среќен што се враќа на „Камп ноу“.

Исто така, Ван Бомел призна дека играчите на клубот веќе некое време зборуваат за тоа кој на крајот ќе го земе дресот на Меси.

„Ако утре постигнеме добар резултат, тогаш не ми е јасно дали ќе се караат играчите за тоа кој ќе го добие дресот на Меси. Знам дека ќе го бараат дресот од него, но тоа не смеат да го направат на полувреме“, кажа Ван Бомел.