Ако се суди по последните низа натпревари, Бразил без пораз е новиот СВЕТСКИ ШАМПИОН


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Бразил соноќа во Лондон славеше над Уругвај со 1:0 и така ја продлжи својата неверојатна низа во пријателските дуели.

За Бразилците е вистинска штета што пријателските дуели не се бројат како натпреварувачки, бидејќи да е така, Нејмар и друштвото сигурно би добиле некој трофеј за подвигот кој го направија во 2018. година.

Бразил одигра девет пријателски натпревари и остави девет победи. Да биде уште поимпресивно, Кариоките не примија ниту еден гол и имаат гол разлика од 20:0.

Со ред Бразилците славеа над Русија, Германија, Хрватска, Австрија, САД, Салвадор, Саудиска Арабија, Аргентина и Уругвај.

Сепак, слаба утеха е тоа за сите навивачи на оваа селекција кои доживеаја разочарување на СП во Русија, каде Кариоките беа елиминирани во четвртфиналето, иако веројатно важеа за прв фаворит на турнирот.