Алардајс најде нов ангажман?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот тренер Сем Алардајс би можел наскоро да се врати на тренерската работа.

Да потсетиме дека неговиот последен ангажман беше на клупата на Англија каде отказ доби откако прифати понуда од 400.000 фунти од лажни бизнисмени и тоа за совети за избегнување на правилата при трансфер.

Сепак, тој би можел наскоро да се врати на тренерската работа и тоа во ПЛ.

Наводно тој во наредните 24 часови ќе има состанок со директорот на Кристал Палас за да разговара за превземање на тимот.

Да потсетиме Кристал Палас е во потрага по нов тренер бидејќи поради лошите резултати отказ доби Алан Пардју.

Алардајс во кариерата ги има водено Болтон, Њукасл, Вест Хем и Сандерленд.