Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Дали во Реал одлучија да ја жртвуваат сезоната? Ако испаднат во ЛШ, ќе го видиме најголемиот „ремонт“ во овој век. А дали е познат и новиот тренер?
Зинедин Зидан има уште малку време во тимот.
Тој сам изјави дека не очекува да остане уште десет години во Реал и дека фудбалската кариера го штити, но и да му останале десет денови, тој ќе даде се од себе.
Јасно, медиумите веднаш почнаа да шпекулираат дека отказот е блиску, но изгледа дека тие избрзаа. Најверојатно Перез нема да го смени ниту ако испадне од ЛШ, но јасно е дека во лето ќе бара нов тренер.
Целите остануваа исти, најверојатно Лев кој ја завршува мисијата со Германија ќе биде земен во предвид, како и Конте и Алегри.
Реал ја губи титулата и има 16 бодови помалку и натпревар помалку од Барселона, а тие се и зад Валенсија и Атлетико на 4-то место.
За преодниот рок сите зборуваат, но по се изгледа дека Перез ќе почека до лето. Кепа сеуште не е стигнат, а Зидан изјави дека не му е потребен голман, а се зборува и дека Баскиецот е повреден и дека ќе отсуствува три месеци, па јасно е дека е подобро Реал да почека до лето и да не плати клаузула.
Едно е сигурно, а тоа е дека ова лето ќе биде пеколно во Мадрид.
Освен Зидан, Реал би можеле да го напуштат Бензема, Роналдо, Бејл и Крос. Тоа би значеле големи измени во тимот, а Нејмар е прва мета, потоа следува Дибала, па стопер и клубот ќе се засили на 4-5 позиции.
Како би можел Реал да изгледа наредната сезона?
Одбраната останува најверојатно иста, само со уште еден дополнителен квалитетен стопер, а се зборува дека ќе го донесат Бонучи додека редот за врска треба да биде воден од Асенсио, Касемиро, Иско, Ковачиќ и Модриќ.
Нападот би требало да биде целосно реновиран. Прва мета е Икарди, заедно со Нејмар, а Кејн изгледа дека е невозможна мисија.
Многумина сметаат дека Реал задоцни со продажбата на фудбалерите и дека од клубот уште во минатото лето требало да заминат Бејл и Роналдо, но Бејл одби да замине, а Роналдо немаше опции.
Што ќе се случува, останува да видиме во наредниот период.