Алармот се вклучи во Минхен – Се повреди дефанзивецот


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Почнува трката со времето пред натпреварот против Реал Мадрид.

Проблем за Реал Мадрид, но проблем и за Баерн Минхен.

Пепе ќе го пропушти натпреварот против баварците, а на другата страна Матс Хумелс се повреди на тренингот на Баерн Минхен и е неизвесен за натпреварот против кралевите.

Хумелс се повредил после половина час тренинг, добил удар во скочниот зглоб на десната нога. Засега нема информации дали ќе биде спремен германскиот репрезентативец за натпреварот против Реал во ЛШ. Вчера Хумелс во дербито против Дортмунд одигра само 11 минути и влезе на местото на Хави Мартинез кој играше во дефанзивата заедно со Жером Боатенг.

Според Билд, Томас Милер и Мануел Ноер ќе бидат во составот за натпреварот против Реал.