Аларм ги разбуди Швеѓаните: Играчите беа евакуирани од хотел во Самара! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Шведска денеска игра натпревар во четвртфиналето на Светското првенство против Англија.

Швеѓаните ги направија среќни навивачите со пласманот помеѓу осумте најдобри во свет, но веруваат дека може да направат ново чудо од 16 часот против Англија.

Сепак, играчите на Шведска немаа пријатно утро во Самара. Тие мораше да бидат евакуирани, откако ги разбуди аларм кој се огласи во нивниот хотел.

Меѓутоа, на крајот тоа беше лажен аларм, а уште не е познато како бил активиран. Медиумите се сомневаат дека навивачите на Англија намерно го направиле тоа.