Алваро Мората го откри името на новиот клуб?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на мадридски Реал Алваро Мората константно се споменува во контекст со заминување од клубот.

Одличниот 23-годишен напаѓач е втор избор кај Зинедин Зидан меѓу Кралевите, а предност пред него има Французинот Карим Бензема, кој меѓутоа се наоѓа во исклучително лоша форма.

Се чини дека приказните за негово повторно заминување од Реал се вистина.

Иако пред само неколку месеци повторно стигна во Мадрид и тоа после одличните партии во Јувентус, во наредното лето може да се случи нов трансфер.

Шпанските медиуми пишуваат дека Мората на пријателите веќе соопштил дека ќе ги напушти редовите на кралскиот клуб и кариерата ќе ја продолжи во Англија.

Новиот клуб би требало да биде Челси.

Менаџерот на Сините Антонио Конте е занесен во Мората и имаше намера да го доведе уште во јануарскиот преоден рок.

Сепак, на крајоод од зделка ништо не беше.

Одличниот напаѓач сезоната ќе ја заврши во Реал, а на лето веројатно ќе тргне на пат за Премиер лигата. Во оваа сезона Мората шанса за игра воглавно добива од клупата. И покрај тоа успеа да запише 27 настапи и да постигне 10 голови, и покаже дека можеби заслужува шанса за игра пред Бензема.