Алегри заминува!? Марота не мисли така!

Шпекулациите во последните денови беа дека италијанскиот тренер Масимилијано Алегри ќе го напушти Јувентус, но очигледно тоа нема да се случи.

Алегри ќе остане тренер на Јувентус и во наредната сезона, барем така пишува „Рај спорт“.

Тие тврдат дека Џузепе Марота потврдил дека нема да го менуваат тренерот и дека Алегри ќе остане на клупата.