Алегри му постави ултиматум на Арсенал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Алегри во последно време се почесто се поврзува со Арсенал.

Навивачите на Арсенал бараат од својот клуб на крајот на сезоната да го отпушти Венгер кој има лоши резултати во последно време, а медиумите пренесуваат дека негов наследник ќе биде тренерот на Јувентус, Алегри.

Многу интересно е тоа што странските медиуми пренесоа информација дека Алегри му дал ултиматум на Арсенал, односно им кажал дека имаат три недели да размислат дали го сакаат или не.

Да потсетиме, тој неодамна наводноо бараше поголема плата во Јувентус, а многумина тоа го протолкуваа како можност дека Алегри размислува за заминување.

Тој дојде во Јувентус во 2014-та година, а претходно го водеше Милан.