Алегри посочи уште колку играчи ќе донесе Јуве ова лето


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри во изјава по натпреварот со Реал Мадрид истакна дека веќе има комплетен состав кој ќе биде способен да се носи со предизвиците во пресрет на новата сезона.

Во Торино пристигна најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо, а освен него на тимот се приклучија и Леонардо Бонучи, Матиа Перин, Жоао Кансело и Емре Чан, а Алегри смета дека тоа е и повеќе од доволно, па клубот нема да прави нови трансфери до крајот на преодниот рок.

„Клубот го направи тоа што требаше да се направи. Уште засилувања? Ние веќе имаме конкурентен тим и со нетрпение очекувам да почне новата сезона. Ќе ми биде чест да работам со најдобриот играч во светот, покрај Меси, Кристијано Роналдо“- коментираше Алегри.