Алегри реши: Јувентус им удри „корпи“ на три европски гиганти!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус реши во свои редови да го врати дефанзивецот Матија Калдара, кој во претходните 18 месеци беше на позајмица во Аталанта.

Одличниот стопер на „Старата дама“ стана нивни член во јануари 2017. година, но по година ипол на позајмица, Јувентус реши да го врати во свои редови.

Калдара во Аталанта играше одлично, а неговите настапи привлекоа голем интерес од многу екипи, а „бјанконерите“ одбија дури три понуди за него.

Најмногу нудеше Борусија Дортмунд, која испрати понуда од 35 милиони евра плус пет милиони евра за бонуси.

Потоа пристигнаа понуди на Челси и ПСЖ од 30 милиони евра, но сите понуди беа одбиени од италијанскиот гигант.