Алегри: Роналдо е мирен и целосно подготвен за Удинезе!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не е загрижен за Кристијано Роналдо по скандалот со силување.

Алегри кажа дека Португалецот е подготвен за дуелот против Удинезе и покрај обвинувањата на негова сметка.

„Роналдо е добар и подготвен да се врати во акција.. Ова е лош момент, но тој има голема поддршка и гледам дека е мирен на тренинг“, кажа Алегри.

Инаку, Роналдо е обвинет од Кетрин Мајорга дека ја силувал во 2009. година во еден хотел во Лас Вегас.

Роналдо ги негираше обвинувањата за силување и кажа дека неговата совест е чиста.

Да потсетиме, Јувентус утре гостува кај Удинезе во осмото коло од италијанската Серија А.