Алегри си пронајде интересно засилување во Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус со продажбата на Стефан Лихтштајнер остана без еден бек, а неговата страна би требало да биде пополнета со Матија Де Шиљо, додека во моментов Масимилијано Алегри бара лев бек.

Тренерот на „старата дама“ има две желби во летниот преоден рок, а очигледно една од нив е лесно остварлива.

Едното од нив е Хуан Бернат од Баерн Минхен, а второто е Лукас Дињ од Барселона, кој Каталонците сакаат да го продадат за околу 20 милиони евра.

Италијанските медиуми пишуваа дека доколку Алекс Сандро замине од екипата, Дињ ќе биде стандарден лев бек кај Алегри.