Александар Трајковски стрелец и асистент за Палермо


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски беше стрелец на еден погодок и асистент на уште еден на првенствената средба која Палермо ја доби со 3:0 против Авелино.

Резултатот го отвори Коронадо уште во 9. минута со гол од белата точка. На 2:0 зголеми Ла Гумина во 47. минута по едно одлично проигрување токму од нашиот Трајковски.

Конечниот резултат го постави нашиот репрезентативец во 73. минута со гол постигнат од белата точка.

Ова беше вкупно четврти погодок на Александар Трајковски во дресот на Палермо во Серија Б оваа сезона.