Алекс Фергусон за првпат по здравствениот бродолом се појави на тренинг: Уживавме во неговото присуство!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алекс Фергусон, легендарниот предводник на Манчестер Јунајтед, првпат од изливот на крвта во мозкот го следеше в живо тренингот на „Црвените ѓаволи“, јавуваат англиските медиуми.

Манчестер Јунајтед денес игра против Њукасл во рамки на натпреварот од 21. коло во англиската Премиер лига, а легендарниот Шкот им пружи поддршка.

„Среќен сум што беше на тренингот и уживавме. Верувам дека и на него се виде дека тоа му е потребно. Ги охрабри играчите и сите нас и се надевам дека
ќе доаѓа почесто“, истакна Оле Гунар Солскјер, актуелниот предводник на тимот од „Олд Трафорд“.

Фергусон доби и нова функција во Јунајтед и моментално е советник на Солскјер. Легендарниот Шкот во мај пред шест години ја напушти клупата на Јунајтед, а не беше на ниту еден тренинг додека менаџери на тимот беа Дејвид Мојес и Луј Ван Гал.