Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец и член на Лидс Јунајтед, Езгијан Алиоски се надева дека ќе продолжи со одлични настапи и во дресот на репрезентацијата.
Крилниот фудбалер игра во одлична форма во дресот на Лидс Јунајтед, а викендов го постигна и својот прв погодок за англискиот клуб.
„Јасно е дека не очекува тежок натпревар, но ние одиме на три бода. Во овој македонски тим има квалитет, младите фудбалери носат нова енергија и се надевам дека конечно и резултатски ќе поминеме добро. Сакам да постигнам гол, но на крајот тоа е помалку важно, најбитно е да победиме, сеедно кој ќе биде ефикасен“ -истакна Алиоски.
Македонските репрезентативци како никогаш досега се во добра форма. Многу од нив постигнуваа голови или асистираа на почетокот на новата сезона, и сите се надеваат дека на ист начин ќе се покажат и во репрезентативниот дрес.