Алиоски добива екстра соиграч


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Англија, Алваро Негредо е трансфер желба на Лидс Јунајтед.

Негредо е под договор со Валенсија но минатата сезона ја помина како позајмен фудбалер во редовите на Миделсбро.

Виктор Орта е нов технички директор на Лидс Јунајтед, а токму овој човек го донесе Негредо на „Риверсајд“ минатата сезона кога ја извршуваше истата функција во редовите на Миделсбро.

Се шпекулира дека Лидс ќе го побара Негредо на едногодишен заем со можност за откуп на договорот, но сериозен конкурент во битката за потписот на Негредо ќе имаат во Свонси кој во Шпанецот гледа замена за Љоренте кој е на чекор од трансфер во редовите на Челси.