Алиоски постигна гол, но Нотингем го урна Лидс за само седум минути!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лидс го запиша и вториот пораз по ред и влезе во мала резултатска криза, откако денеска загуби со 2-4 од Нотингем Форест.

Колбек донесе водство за домаќините, а Лидс направи целосен пресврт во 64. минута откако стрелци на погодоците беа Кларк и Езгјан Алиоски.

Но, потоа следуваше целосен распад во само седум минути, кога Нотингем постигна дури три гола и направи целосен пресврт за конечни 4-2.

Во секој случај, Лидс останува лидер со 51 бод, односно два повеќе од второпласираниот Норвич.