Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот на Интер, Кеита Балде ќе ја пропушти средбата од квалификациите за Африканскиот Куп на Нациите против Екваторијална Гвинеа поради една бизарна грешка.
Кеита беше именуван во списокот на повикани играчи за овој натпревар, но во Интер никогаш не биле известени за тоа затоа што потпретседателот на фудбалската федерација на Сенегал, Абдулае Соу го испратил барањето на погрешен мејл на Интер.
Претседателот на ФА Сенегал, Агустин Сењор се обидел лично да побара од Интер, Кеита да биде ослободен, но веќе поминал рокот и од Интер го одбиле тој предлог.