Америка, Кина или сепак Де Роси ќе остане во Рим?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Даниеле Де Роси се наоѓа пред потпис на нов договор.

Рома би можела да го задржи во наредните сезони еден од најсигурните играчи во претходните 15 години.

Овој играч за врска е многу блиску до договор со управата за потпишување на нов договор.

Има понуди од МЛС лигата и Кина, но сите ги одби досега, па се очекува да ја продолжи кариерата во својот клуб.

Сегашниот договор му завршува во јуни, па Рома побрза да му понуди нов договор.

Секако, поради годините(33), се очекува намалување на платата, од 6 на 2.5 милиони евра по година.