Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот на повикани играчи за претстојните натпревари против Гибралтар и Ерменија.
Натпреварите се во рамките на Лигата на Нациите преку која Македонија ќе се обиде да стигне до историски пласман на едно Европско првенство.
Повратник во репрезентацијата е Мите Цикарски, а на списокот се најдоа и Давид Митов Нилсон и Егзон Бејтулау.
– На списокот се наоѓаат стандардни фудбалери, а повратници се Егзон Бејтулаи и Мите Цикарски. Бејтулаи игра стандардно во Шкендија, беше член на младата репрезентација и доаѓа на местото на Зајков. Ја следиме ситуацијата со Адеми кој ја повреди задната ложа, а денеска ќе има детални прегледи по кои ќе биде колку ќе изнесува неговата пауза. Ферхан Хасани сега се приклучи на тимот во Саудиска Арабија и затоа не е во составот. Дарко Велковски доби повик, во Ријека имаат свој став, меѓутоа јас сум селектор и ги бранам интересите на Македонија. Јас и претходно кажав дека во репрезентацијата ќе се влегува потешко. Ова е мојот избор засега, 90% од фудбалерите се оние кои го понесоа товарот во квалификациите. изјави селекторот Ангеловски на прес-конференцијата.
Првиот натпревар го играме на гостински терен во Гибралтар на 6. септември, додека три дена подоцна ја пречекуваме репрезентацијата на Ерменија.