Ангеловски го објави списокот на фудбалери за натпреварите против Летонија и Словенија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го соопшти списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари за Европското првенство во 2020 година.

Ангеловски повика 23 фудбалери за натпреварите против Летонија на 21 март во Скопје и против Словенија на 24 март во Љубљана.

Во репрезентацијата го нема Арјан Адеми од Динамо Загреб, кој се повреди неодамна, па ќе мора да паузира одредено време. Но, во екипата се повикани Стефан Спировски и Иван Тричковски, кои исто така се повредени, но постои можност да заиграат.

Во македонската селекција се враќаат и Дарко Чурлинов, Дарко Велковски и Кире Маркоски.

Собирот на репрезентативците ќе се одржи на 18 март во 12 часот во хотелот „Гранд Плаза“ во Скопје.