Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација успеа да извлече бод на гостувањето во Словенија, откако претходно славеше со 3-1 против Летонија во квалификациите од Евро 2020.
Македонските фудбалери синоќа одиграа солиден меч, па го покажа својот квалитет, но за жал не успеаа да ги освојат трите бода и да запишат две победи по две одиграни средби.
Утрово на социјалните мрежи се огласи селекторот Игор Ангеловски, кој имаше моќна порака.
„Не постои сила што ова може да го сруши!!! Дечки, ви благодарам за секој поминат момент со вас. Благодарност до нашите браќа во Љубљана! Македонија…Фамилија!“, напиша Ангеловски.
Во моментов Македонија има четири бода во групата Г и ја дели втората позиција со Израел.