Ангеловски: Ме радува што репрезентативците играат во одлична форма


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски по објавувањето на списокот на повикани играчи за натпреварите со Израел и Албанија го даде своето видување за играчите кои ги повика.

Ангеловски истакна дека го остварува она што го најавил создавајќи репрезентација која долго време ќе игра заедно.

„Тоа што го најавив од првиот ден сега започнуваме да го остваруваме, а тоа е создавање на  тим кој долго време ќе игра во репрезентацијата. Ме радува што поголем дел од репрезентативците се дел од големи клубови и играат во одлична форма. Несторовски и Трајковски играат одлично, Алиоски е еден од клучните во Лидс, тука е и Енис Барди кој ги врати нашите претставници во Примера. Се надевам дека нивните клупски ангажмани и нивната форма ќе се преточи во репрезентацијата и ќе го подигнеме нивото на играта. Дени Илиев од Арсенал се враќа во натпреварувачка форма и го повикав да му дадеме мотив плус, сепак се работи за наша голманска иднина. Во одбраната се повикани фудбалерите од златната генерација до 21 година, Велковски, Зајков, Муслиу, кои одлично одиграа на ЕП и заедно со Ристовски, Ристевски, Тошевски сметам дека на вистински начин ќе одговорат на задачите. Во средниот ред имаме најмногу фудбалери од причина што имаме два меча во три дена, ќе ни треба ротација“- истакна Ангеловски.

Нашата репрезентација најпрво гостува на Израел на 2. септември, а три дена подоцна ја пречекува репрезентацијата на Албанија на стадионот „Младост“ во Струмица.