Ангеловски седнува на клупата на Трабзонспор


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пишуваат турските медиуми, македонскиот селектор, Игор Ангеловски е кандидат за тренерското место во турскиот гигант, Трабзонспор.

Наводно од турскиот клуб ќе започнат преговори со Ангеловски во наредните денови и покрај тоа што тој има актуелен договор со ФФМ.

Игор Ангеловски пред две години беше предводник на Работнички кога клубот од Дебар Маало го направи историскиот успех со елиминацијата токму на Трабзонспор во третото коло од квалификациите од Лигата на Европа.