Англиска легенда сака да му даде име на детето по – индиски ресторан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Англија, Питер Крауч и неговата сопруга Аби Кленси очекуваат свое четврто дете. Фудбалерот призна дека размислува своето дете да му даде име по својот омилен индиски ресторан, Самрат.

Овој 38-годишен напаѓач кажа дека ги проверувал обложувалниците за името на своето дето и дека забележал коефициентот на името Самрат е огромен. Тој вели дека името може да го скрати на Сем и со тоа неговата сопруга ќе се сложи.

„Една од обложувалниците име коефициенти за имиња на моето дете. Хари е на врвот, а на дното беше Самрат и имаше неколку луѓе кои се согласија со тоа“, вели Крауч.

Останува да видиме како навистина Крауч ќе го крсти своето дете.