Англија без поголем проблем се пласираше во своето трето полуфинале на Мундијалите (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Англија славеше со 2:0 против Шведска и со тоа стана третиот полуфиналист на Светското првенство во Русија.

На натпреварот не видовме баш којзнае каков фудбал, но Англичаните одиграа онолку колку што им беше доволно за сигурно да победат на оваа средба.

Првиот гол падна во 30. минута кога Ешли Јанг упати одличен центаршут од корнер, а на топката налета Хери Мегвајр кој погоди за 1:0.

До крајот на полувремето Стерлинг пропушти една неверојатна шанса за зголемување на водството.

Се играше 59. минута кога Англија го зголеми водството со уште еден гол постигнат со глава. Овој пат најдобро се снајде Деле Али кој го постави конечниот резултат.

Противник на Англија во полуфиналето ќе биде подобриот од вечерашната средба помеѓу Русија и Хрватска.