Англија е попривлечна од Бразил – Дрогба се враќа во Челси?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилските медиуми пишуваат дека легендарниот фудбалер ја одбил понудата на Коринтијанс поради Челси.

До последниот ден од преодниот рок траеше неизвесноста дали Дрогба ќе го засили Коринтијанс како слободен агент.

Бразилскиот клуб дури пушти во продажба и дресови со неговото име, но…

38-годишниот играч има други планови. Тој во среда наутро ја отфрли можноста да се пресели во Бразил, а причината е тоа што тој планира да се врати во Англија.

Медиумите пишуваат дека тој ќе прифати нова работа во Челси. Засега не се знае каква улога ќе добие Дрогба, но се претпоставува ќе почне да работи во младинската акдемија.