Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Репрезентацијата на Англија со 2:1 славеше во вечерашниот пријателски натпревар против Нигерија одигран на „Вембли“.
Уште во седмата минута Англија преку Гери Кејхил го отвори резултатот, а пред крајот на првото полувреме веќе беше и 2:0 откако мрежата на Нигерија ја затресе новиот капитен на „Гордиот Албион“ , Хари Кејн.
Веднаш по стартот на второто полувреме фудбалерот на Арсенал, Алекс Ивоби погоди за 2:1, а по овој гол и двете репрезентации имаа по неколку шанси за нов погодок.















