До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Сем Алардајс после инцидентот кој се случи денеска доби отказ на местото селектор на Англија.
Помина само 67 дена како селектор, а денеска доби отказ.
Сем Алардајс повеќе не е прв човек на селекцијата на Англија поради тоа што денеска после понудената оставка, таа е прифатена од страна на сојузот.
Тој утрово беше во центарот на вниманието поради скандал.
Интересно, водеше само еден натпревар како тренер на Англија, каде што и победи.
Неверојатно Герет Саутгејт ќе стане привремен селектор на Англија, додека не се одлучи кој може да го замени Алардајс на ова место.
Инаку, Алардајс имаше 3 милиони по сезона како селектор на Англија.















