Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одличен меч на „Вембли“ во рамките од шестото коло од Лигата на Нациите одиграа Англија и Хрватска, а на крајот на победа се радуваше домашниот тим.
Хрватска прва стигна до предност со голот на Андреј Крамариќ кој одлично ја „изработи“ одбраната на Англија и погоди за голема радост на второпласираната селекција од последното Светско првенство.
Сепак „Гордиот Албион“ брзо се врати и со два гола на Лингард и Кејн за само осум минути стигна до победа со која се пласираше во плеј-офот од Лигата на нациите.
Репрезентацијата на Хрватска пак со овој пораз испадна од Лигата А и во иднина ќе се натпреварува во Лига Б.