Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Андре Виљаш-Боаш во Кина ќе го донесе дефанзивецот на Челси.
Виљас-Боаш во Кина го замени Свен Горан Ериксон во Шангај, и сега сака да донесе неколку искусни играчи од Европа.
Според пишувањата на британските медиуми, португалскиот стратег има цел да го донесе Џон Тери, со кого работел во Челси.
Тери долги години беше главен играч во одбраната на Сините, но со оглед на тоа дека сега има 35 години, постои голема можност на крајот од сезоната да го напушти Челси и да си замине во Кина, со што тоа би можело да биде неговиот последен чекор во играчката кариера.
Тери потекнува од академијата на Вест Хем, каде што играше до 1995. година, кога и премина во академијата на Челси, а во Челси е и до ден денеска.